Достапни линкови

Украинските уставни судии под истрага


Уставните судии во Украина се под истрага поради тоа што гласале за зголемување на овластувањата на поранешниот претседател Виктор Јанукович во 2010 година. В.д. Јавниот обвинител Олех Махницкиј изјави дека е отворена истрага против судиите кои одобрија враќање на Уставот од 1996 година, кој му дава поголеми овластувања на претседателот. Во украинскиот Уставен суд има 48 судии.

Махницкиј додаде дека под истрага се и други судии, обвинители и инспектори што учествувале во обвиненијата против учесниците на масовните анти-владини протести кои доведоа до соборување на Јанукович во февруари годинава.

Во меѓувреме, руските и украински медиуми објавија дека Јанукович, кој избега во Русија, може да се врати во неговиот роден Доњецк во источна Украина на 20 април. Про-руските сепаратисти ги зазедоа владините административни згради во градот и прогласија Доњецка Народна Република. Според Махницкиј, Јанукович ќе биде уапсен веднаш штом ќе влезе во Украина.
XS
SM
MD
LG