Достапни линкови

Потрага во тешки временски услови


Спасувачките напори во потрагата по околу 290 исчезнати при потонувањето на јужнокорејски ферибот се попречени од силни струи, дожд, и лоша видливост, јавуваат новинските агенции. Досега 179 луѓе биле спасени, а потврдено е загинувањето на шест лица. Фериботот пренесувал 460 патници и членови на посадата кога потона вчера изутрина покрај југозападниот брег на земјата. Повеќе од 300 патници биле ученици и наставници од исто средно училиште, кои оделе на екскурзија на островот Џеџу. Официјални лица изјавија дека засега не се знае зошто потонал бродот.
XS
SM
MD
LG