Достапни линкови

Путин: наместо да преговара, Киев испрати тенкови


Обвинувањата за руска инволвираност во источна Украина се глупости, изјави рускиот претседател Владимир Путин денеска во Москва. Во меѓувреме, претставници на Соединетите држави, Русија, Украина и Европската унија на денешните разговори во Женева во обид да најдат начин за излез од кризата во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин на денешната годишна сесија кога јавно одговора на прашања поставени од граѓаните изјави дека Русија не е вмешана во настаните во источна Украина.

„Сето тоа се глупости. Нема на истокот на Украина никакви руски единици. Нема руски разузнавачки агенти, нема руски политички инструктори. Сите се локални граѓани. Им велам на моите западни партнери дека тие нема каде да одат“, изјави Путин.

Тој наведува дека украинските власти наместо да седнат на преговорачка маса со руската говорна популација која е загрижена за својата судбина по неуставниот пуч во Киев тие испратиле тенкови во регионот.
Сето тоа се глупости. Нема на истокот на Украина никакви руски единици. Нема руски разузнавачки агенти, нема руски политички инструктори. Сите се локални граѓани.


Сепак, Путин изрази надеж во успех на денешните преговори во Женева на кои учествуваат Џон Кери, Сергеј Лавров, Кетрин Ештон и Андриј Дешчица најавија заеднички состанок.

При пристигнувањето во Женева, Дешчица изјави дека ќе побара од Москва да прекине да ги поддржува терористичките активности во неговата земја и да ги повлече своите трупи од границата.

Тој додаде дека Киев сака да разговара со Москва, но нагласи дека Русија нема право да и диктира на Украина како да биде уредена.

„Не зборуваме за федерализација на Украина. Зборуваме за реформи на регионалната власт што ќе им даде поголеми права на локалните заедници. Зборуваме за реформи на Уставот. Но, за тоа треба да решат украинците и нивната влада. Нема да дискутираме со Русија за внатрешното уредување на нашата земја“, изјави Дешчица.

Киев смета дека бунтот на истокот на Украина во основа е ист со анексијата на Крим, каде што проруски активисти исто така окупираа згради и бараа референдум за припојување со Русија.


Асошиетед прес, повикувајќи се на неименуван американски дипломат изјави дека украинската делегација во Женева планира да го информира рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за напорите за децентрализирање на власта во земјата и за заштита на руската говорна популација, што се клучните барања на Москва.

Сепак, како што се додава Вашингтон не очекува поголем напредок од средбата во Женева. Најавено е дека доколку разговорите пропаднат, тогаш ќе бидат воведени дополнителни санкции против Русија.
Она што постојано го велам е дека секој пат кога Русија ќе преземе такви мерки за дестабилизација на Украина ќе има последици. Веќе гледаме дека руската економија слабее, капиталот се одлева.
Барак Обама. претседател на САД.

Во интервју за една американска телевизија претседателот Барак Обама изјави дека не потребна војна со Русија

„Она што постојано го велам е дека секој пат кога Русија ќе преземе такви мерки за дестабилизација на Украина ќе има последици. Веќе гледаме дека руската економија слабее, капиталот се одлева. Одлуките на Путин не се лоши само за Украина, туку на подолг период и за Русија.“

Според западните медиуми, веќе бил подготвен список на луѓе блиски на Путин кои ќе бидат цел на нови санкции.

Американската администрација работи и на пакет невоена помош за украинската војска.

Претходно во Советот за безбедност на Обединетите нации во врска со најновиот извештај за човековите права во Украина беше предупредено на опасноста од натамошна дестабилизација на Украина.

„Ситуацијата на истокот, доколку адекватно не е третирана како приоретна, се заканува да ја дестабилизира, целата земја. Оние што имаа влијание врз ситуацијата треба да преземат итна акција за да го спречат насилството“, изјави помошник генералниот секретар за човекови права Иван Симоновиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG