Достапни линкови

Путин: наместо да преговара Киев испрати тенкови


Рускиот претседател Владимир Путин на денешната сесија на која одговора на прашања поставени од граѓаните изјави дека обвинувањата за руска инволвираност во источна Украина се глупости. „Украинските власти треба да седнат на преговорачка маса со руската говорна популација која е загрижена за својата судбина по неуставниот пуч во Киев. Наместо тоа тие испратија тенкови во регионот“, изјави Путин. Портпаролот на претседателот Дмитри Песков изјави дека повеќето од примените над 2 милиона прашања се однесувале на Украина и Крим. Тоа ќе биде 12 таква сесија на Путин. Нема временско ограничување на настанот што ќе биде пренесуван на телевизија. Во минатата година Путин одговораше рекордни 4 часа и 48 минути.
XS
SM
MD
LG