Достапни линкови

Експлозија на бомба во Атина


Рачно изработена бомба експлодира синоќа во Атина пред домот на Јанис Збокос, кој е осуден заедно со поранешниот министер за одбрана Акис Цихаѕополус за давање поткуп во врска со зделки со оружје. Експлозивната направа била со мала моќност, причинувајќи само незначителна материјална штета. Во моментот на експлозијата во домот на осуденикот се наоѓала само домашната помошничка. Збокос беше главен секретар, одговорен за оружените програми во Министерството за одбрана, кое во тоа време било предводено од министерот Цихаѕополус.
XS
SM
MD
LG