Достапни линкови

logo-print

Разговори меѓу Русија, Украина, САД и ЕУ


Високи претставници на САД, Русија, Украина и на ЕУ ќе се сретнат денеска во Женева на разговори во врска со украинската криза. Состанокот се случува во период кога про-руски сепаратисти зазедоа територии во неколку градови во источна Украина. Вчера во Краматорск бунтовници заробија 6 украински оклопни возила заедно со нивните екипажи. Сепаратисти исто така ја нападнаа зградата на градската администрација во Донецк.
Доаѓајќи во Женева, украинскиот привремен министер за надворешни работи Андриј Дешчицја изјави дека ќе побара од Москва да ја прекине поддршката на „терористичките активности“ во неговата земја и да ги повлече своите трупи од границата. Тој истакна дека Киев е подготвен на разговори со Москва, но нагласи оти Русија нема право да и диктира на Украина како да ја управува државата.
На состанокот во Женева ќе учествуваат и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот Државен секретар Џон Кери.
XS
SM
MD
LG