Достапни линкови

Северно Косово: прекината соработката со полицијата на ЕУЛЕКС


Општините од северно Косово - Косовска Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, ја прекинаа соработката со полицијата на ЕУЛЕКС и ја прогласија за непожелна на своја територија. Четирите општини протестираат поради „зачестените неразбирливи апсења“ на локални Срби.
Претставници на општините наведуваат дека одлуката е донесена по последната акција на ЕУЛЕКС, кога беше уапсен нивни сограѓанин кој одел на работа, како и поради зачестената пракса за автоматско одредување на мерката притвор до 30 дена за сите приведени од полицијата на ЕУЛЕКС.
Апсењата треба да престанат додека не се создадат услови за воспоставување на владеење на правото, односно додека не заврши интеграцијата на судиите Срби, се истакнува во соопштението на четирите општини.
XS
SM
MD
LG