Достапни линкови

Басеску сака обединување на Молдавија со Романија


Романскиот претседател Трајан Басеску сака Република Молдавија да се обедини со Романија, ако тоа го сакаат граѓаните на Молдавија. Тој наведе дека тоа би можело да стане реалност доколку Молдавците тоа го сакаат, но и барањето да потекне од Кишињев. Басеску посочи оти поголемиот број Молдавци не сакаат обединување со Романија, но дека 80 проценти од Романците го сакаат тоа.
Тој истакна и дека кога ќе му истече претседателскиот мандат ќе се пријави за молдавско државјанство. За Молдавците обединувањето со Романија би можело да биде алтернатива за долгиот пат до пристапувањето во ЕУ, рече Басеску.
XS
SM
MD
LG