Достапни линкови

logo-print

Јужна Кореја: продолжува потрагата по исчезнатите


Потрагата по околу 290 исчезнати при потонувањето на јужнокорејски ферибот продолжува. Досега 179 луѓе биле спасени, а потврдено е загинувањето на шест лица.
Фериботот пренесувал 460 патници и членови на посадата кога потона вчера изутрина покрај југозападниот брег на земјата. Повеќе од 300 патници биле ученици и наставници од исто средно училиште, кои оделе на екскурзија на островот Џеџу. Официјални лица изјавија дека засега не се знае зошто потонал бродот. Некои од преживеаните изјавиле дека слушнале силна бучава непосредно пред катастрофалниот удар.
XS
SM
MD
LG