Достапни линкови

Ситуацијата за новинарите во Украина достигна опасна фаза


Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ.

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, оцени дека ситуацијата за новинарите во Украина достигна опасна фаза. По тридневната посета на Харков, Одеса и Киев, каде што зборуваше со тамошните новинари, но и со новинари од Доњецк, Миколајев и Крим, таа изјави дека новинарите во конфликтните области во Украина се „под напад, како физички, така и како дел од актуелната психолошка војна“.

„Новинарите во конфликтните области се соочуваат со насилство, напади, уништување на опремата и закани на дневна основа“, рече таа.

Мијатовиќ изјави дека новинарите во украинскиот регион Крим, што минатиот месец беше анектиран од Русија, се соочуваат со дополнителни проблеми, како пререгистрација, можно иселување од регионот ако бидат прогласени за нелојални и не добијат руско државјанство, закани, како и неможност за пристап до јавни информации.

Таа ги повика украинските новинари да бидат солидарни и да „известуваат за вистината и да останат безбедни“.
XS
SM
MD
LG