Достапни линкови

На интернет порталот на Државната изборна комисија, во одделот Избори 2014, стои податокот дека во Битола право на глас имаат 76.587 граѓани. На специјализираниот интернет портал на ДИК за резултатите од првиот круг од претседателските избори, пишува дека имало 82.674 гласачи. Општинската изборна комисија, пак, информира дека во единствениот избирачки список, запишани се 82.588 битолчани со право на глас. Разликата е над 6000 гласачи.

Кој е вистинскиот број на битолчани кои имаа право на глас на овогодинешните избори? Ова прашање го наметнаа различните бројки со кои оперираат надлежните органи за спроведување на изборниот процес.
Вкупната бројка на гласачи од Битола е оваа што ние ја кажуваме плус бројката која ќе пристегне од казнено- поправните домови.


На интернет порталот на Државната изборна комисија, во одделот Избори 2014, стои податокот дека во Битола право на глас имаат 76.587 граѓани. На специјализираниот интернет портал на ДИК за резултатите од првиот круг од претседателските избори, пишува дека имало 82.674 гласачи. Општинската изборна комисија, пак, информира дека во единствениот избирачки список, запишани се 82.588 битолчани со право на глас. Разликата е над 6000 гласачи.

​На денот на гласањето Општинската изборна комисија го даде следното образложение за разликата во бројот на гласачи.

„Покажуваме бројка според бројот на ливчиња што ги имаме добиено за нашите избирачки одбори. Дел од ливчињата за гласачи од Битола се наоѓаат и во други општински комисии кои спровеле гласање за лицата од Битола кои се наоѓаат во казнено поправните домови низ Македонија. Вкупната бројка на гласачи од Битола е оваа што ние ја кажуваме плус бројката која ќе пристегне од казнено- поправните домови“, изјави Зоран Насев, претседател на ОИК.

По изборите првиот човек на општинската изборна комисија со објаснување дека разликата од 6.000 се лица со привремен престој во странство, но кои се уште имаат и место на живеење во Битола. На оваа бројка се додаваат уште 71 затвореник и 15 битолчани кои се дел од одборите за спроведување на изборите во дијаспората. Така, вкупниот број достигнува 82.674, вели Зоран Насев.

Со ваквите пресметки на површина исплива и бројката дека околу 6.000 битолчани се со привремен престој во странство. Најпечалбарскиот град во земјава кој во шеесетите години од минатиот век изгуби голем процент од своето население најверојатно доживува нов иселенички бран.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG