Достапни линкови

Новинарите биле исфрлени од Собранието согласно Уставот


Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот на 24 декември 2012 година.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селани, избркан од Собраниската галерија за време на седницата за носење на буџетот на 24 декември 2012 година.

Уставниот суд ги одби двете барања за заштита на слободите и правата поднесени од шест новинари и од ЗНМ поради насилното отстранување на новинарите од собраниската сала на 24 декември 2012, пренесува телевизијата 24Вести. Барањето е одбиено оти судот проценил дека физичкото отстранување на новинарите од галеријата на собраниската сала настанало поради конкретна ситуација на ескалација на хаос и безредие, а целта била да се заштитат новинарите и да се обезбеди ред во салата. Барањето за заштита на слободите и правата поднесено од ЗНМ е одбиено од процедурални причини, бидејќи подносител на такво барање можело да биде само физичко лице.
XS
SM
MD
LG