Достапни линкови

Украина да ги заштити малцинствата


Специјалниот известувач за малцински прашања на ОН, Рита Ижак, ги повика новите украински власти да преземат чекори за засилување на заштитата на малцинствата и да работат на мирно решавање на кризата во земјата. Во соопштението објавено по посетата на Украина од 7 до 14 април, таа наведува дека „последните случувања во земјата ја засилија нетрпеливоста кон одредени етнички групи и создадоа услови на несигурност и недоверба што може да доведат до поделби по национални, етнички и јазични линии и да го загрозат мирниот соживот ако не бидат решени“. Таа забележува дека забележала „вознемиреност“ меѓу етничките Руси, откако прозападните пратеници во февруари гласаа за уникување на законот од 2012 година според кој и рускиот беше официјален јазик во регионите во кои е мајчин јазин на мнозинството од населението.
XS
SM
MD
LG