Достапни линкови

logo-print

Придњестровје бара отцепување од Молдавија и припојување кон Русија


Молдавскиот вицепремиер Еуген Карпов ја осуди, како што рече, пропагандната кампања што има за цел да предизвика тензии во сепаратистичкиот регион Придњестовје. Тој денеска во Кишињев рече дека одредени кругови и во Москва и во Тираспол сакаат Придњестровје да го следи сценариото од украинскиот регион Крим, што минатиот месец беше анексиран од Русија. Карпов рече дека не се точни обвинувањата од руските функционери, вклучително и од претседателот Владимир Путин, дека Придњестровје е под блокада, како во економски, така и во поглед на слобода на движење.

Во меѓувреме, пратениците во Придњестровје го повикаа рускиот претседател Владимир Путин, двата дома на рускиот парламент – Државната Дума и Советот на федерацијата, како и ОН и ОБСЕ да ја признаат независноста на регионот. Во официјалното обраќање, усвоено денеска од членовите на Врховниот совет на Придњестровје, пратениците велат дека нивното барање е врз основа на резултатите од референдумот одржан во овој сепаратистички регион во септември 2006 година. Официјалните резултати од референдумот покажуваат дека 97 отсто од жителите на Придњестровје гласале за независност од Молдавија и право за припојување кон Руската Федерација.
XS
SM
MD
LG