Достапни линкови

До ДИК нема приговори за првиот круг од изборите


До Државната изборна комисија во законскиот рок, кој заврши синоќа на полноќ, не е поднесен ниту еден приговор за гласањето на првиот круг од претседателските избори што се одржаа во неделата на 13 април. Според информациите од ДИК, до нив се пристигнати пет приговори за прекршување на молкот на 12 и 13 април од страна на веб-порталите, како и за бришење на мастилото од палците на гласачите. Се очекува исто така ДИК денеска или најдоцна утре да го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG