Достапни линкови

Јордански авиони бомбардирале оклопни возила кај сириската граница


Сириски бегалци во Јордан.

Сириски бегалци во Јордан.

Јорданските власти соопштија дека нивни воени авиони денеска нападнале и уништиле оклопни возила што се обиделе да влезат од Сирија во Јордан. Засега не се соопштуваат детали за инцидентот. Во Јордан има регистрирано околу 600 илјади сириски бегалци, што е голем товар за ова блискоисточно кралство. Уште кога почна војната во Сирија пред три години, Јордан презеде мерки да спречи прелевање на конфликтот преку границата. Кралот Абдула рече дека војната во Сирија и подемот на екстремистичките сили поврзани со тој конфликт се меѓу главните грижи на неговата влада.
XS
SM
MD
LG