Достапни линкови

Највисоката турска награда за лидерот на Кримските Татари


Турскиот претседател Абдула Ѓул и долгогодишниот лидер на Кримските Татари, Мустафа Џемилев.

Турскиот претседател Абдула Ѓул и долгогодишниот лидер на Кримските Татари, Мустафа Џемилев.

Долгогодишниот лидер на Кримските Татари, Мустафа Џемилев, ја доби највисоката државна награда на Турција. Турскиот претседател Абдула Ѓул му го додели Орденот на државата на Република Турција на вчерашната специјална церемонија. Џемилев, кој е и украински пратеник, ѝ се заблагодари на Турција за поддршката за Украина во „овие тешки времиња полни со предизвици“. Џемилев, заедно со кандидатот за претседател на Украина Петро Порошенко, вчера разговараше за состојбата во Украина со Ѓул. Џемилев и Порошенко по средбата изјавија дека турскиот претседател ги уверил дека Анкара никогаш нема да ја признае руската анексија на Крим, ќе ги поддржува напорите на Украина за воспоставување ред во источните региони и ќе придонесува за мирот и стабилноста во црноморскиот регион.
XS
SM
MD
LG