Достапни линкови

logo-print

Над 900 илјади сириски бегалци во Турција


Сириски бегалци во Истанбул.

Сириски бегалци во Истанбул.

Бројот на сириски бегалци во Турција е над 900 илјади, соопшти турската Дирекција за управување при катастрофи и вонредни состојби.

Началникот на дирекцијата Фуат Октај истакна дека бројот на бегалци од Сирија, сместени во бегалски кампови, е 224 илјади. Тој изјави дека во бегалските кампови нема проблеми, но напорите на дирекцијата во моментот се насочени кон потребите на бегалците надвор од камповите.

Октај рече дека повеќето сириски бегалци живеат во турските окрузи што се граничат со Сирија.

Меѓународната помош, која досега ни беше додделена за сириските бегалци изнесува 200 милиони долари, а Дирекцијата за управување при катастрофи и вонредни состојби потрошила 2,5 милијарди долари, рече Октај.

Тој ја повика меѓународната заедница за поголема соработка во однос на проблемите со сириските бегалци.
XS
SM
MD
LG