Достапни линкови

logo-print

Приведен државен службеник за примање поткуп


Илустрација.

Илустрација.

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 34-годишeн вработен во Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, поради примање поткуп.

Пријавениот, на кого му е одредена мерка притвор од 8 дена, во текот на минатиот месец побарал 200 евра од жител на Македонија за да му посредува во Агенцијата, преку ИПАРД програмата да добие субвенции за купување на трактор. Оштетениот му ги дал побараните пари на државниот службеник завчера.
XS
SM
MD
LG