Достапни линкови

Филе најави проширување на санкциите против Русија


Евро-комесарот за проширување Штефан Филе ја предупреди Русија дека санкциите постепено ќе се прошируваат во повеќе економски области, доколку Москва продолжи со дестабилизацијата на Украина. Учествувајки во дебатата за кризата во Украина во Стразбур, Филе оцени дека координираните и професионални акции на вооружени групи во источна Украина, потсетуваат на сценариото од Крим. Филе нагласи дека ЕУ ќе одговори на писмото од Путин во врска со снабдувањето со гас и оти веројатно ќе има консултации меѓу ЕУ, Украина и Русија.
XS
SM
MD
LG