Достапни линкови

Борбени возила со руски знамиња во Словјанск, источна Украина


Борбени возила со руски знамиња поминале низ градот Краматоркс и се упатиле кон Словјанск, источна Украина, јавуваат агенциите. Според очевидци, борбените возила се распоредиле пред административната зграда во Словјанск, која е окупирана од про-руските сепаратисти. Десетици мажи, во маскирни униформи седеле на возилата. Про-руските сепаратисти и натаму ги држат под контрола објектите на државните институции во уште 8 градови во источна Украина.
XS
SM
MD
LG