Достапни линкови

Карзаи со осуда за цивилните жртви во Авганистан


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи остро го осуди убиството на жена и две деца, при, според него, американскиот воздушен напад во источниот дел на земјата. Тој оцени дека е прекршен договорот меѓу двете земји. Американските сили во Авганистан го истражуваат инцидентот. Ваквите инциденти се една од главните причини што Карзаи одбива да го потпише договорот, со кој дел од американските сили би останале во Авганистан и по 2014-та година, односно, по повлекувањето на странските сили од таа земја.
XS
SM
MD
LG