Достапни линкови

logo-print

Саудиска Арабија го смени шефот на разузнавањето


Саудиска Арабија го смени шефот на разузнавањето, принцот Бандар бин Султан по барање на принцот.
Бандар, поранешен амбасадор во САД, беше задолжен за поддршка на Саудиска Арабија на сириските бунтовници и се смета како еден од највлијателните на Блискиот Исток.
Одговорноста на Бандар вклучува надгледување на политиката на Саудиска Арабија во Леван како и кон сириските бунтовници кои се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад.
Бандар заминал неодамна во странство за да бара медицински третман.
Тој ќе биде заменет од страна на неговиот заменик Јусеф ал-Идриси.
XS
SM
MD
LG