Достапни линкови

Годишнина од трагедијата на бостонскиот маратон


Градот Бостон САД одбележа една година од бомбашкиот напад при маратонот во градот.
Три лица загинаа, а повеќе од 260 беа повредени при експлозијата на две бомби на целната линија на маратонот на 15 април, 2013 година.
Американскиот претседател Барак Обама ја одбележа годишнината од бомбардирањето со минута молчење во Белата куќа.
Потпретседателот Џо Бајден беше меѓу високите личности во Бостон во чест на жртвите на нападите.
Едниминутно молчење се одржа и на целната линија на маратонот.
Полицијата пронајде два сомнителни ранци по завршувањето на церемонијата на оддавање почит. Едно лице беше приведено.
XS
SM
MD
LG