Достапни линкови

Конститутивна седница на новиот српски парламент


Српските пратеници од новиот парламентарен состав денеска ќе одржат конститутивна седница на Парламентот на Србија, на која ќе треба да бидат верификувани нивните мандати.
Парламентот се смета за конституиран доколку бидат верификувани мандатите на две третини од пратениците, со што истовремено завршува мандатот на претходниот состав на Собранието.
По потврдувањето на мандатите, пратениците ќе положат заклетва.
Со првата седница на Парламентот ќе претседава највозрасниот пратеник, 85-годишниот Милан Корач од Партијата на здружените пензионери на Србија.
XS
SM
MD
LG