Достапни линкови

Временска прогноза - студено со дожд и снег


Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На повеќе места количеството на наврнат воден талог ќе биде над 30 литри на метар квадратен, а на повисоките планини ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од еден до 11 степени.Во Скопје ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Температурата ќе достигне до шест степени.
XS
SM
MD
LG