Достапни линкови

Украинскиот парламент назначи командант на Националната гарда


Украинскиот парламент го назначи генерал Степан Полторак за командант на Националната гарда. Тој беше командант на силите на украинското Министерство за внатрешни работи. Формирањето на Националната гарда со околу 60 илјади доброволци беше одобрено од страна на Парламентот минатиот месец, откако руските сили го окупираа украинскиот регион Крим, кој подоцна беше анексиран од страна на Русија по набрзина спроведениот референдум.
XS
SM
MD
LG