Достапни линкови

Четири пати повеќе гласачи од дијаспората за вториот круг од изборите


Macedonia - | Macedonia votes to elect new president. Presidential Elections 2014. Skopej- macedonia - 13/4/2014

Macedonia - | Macedonia votes to elect new president. Presidential Elections 2014. Skopej- macedonia - 13/4/2014

На претстојните парламентарни избори можност за гласање ќе имаат околу 24.000 македонски државјани кои работат или престојуваат во странство. Точниот број ќе се знае најмногу за два дена, кога ќе биде заклучен и избирачкиот список за парламентарните избори. За првиот круг од претседателските избори имаа можност да гласаат 8.332 македонски државјани во ИЕ 7 (Европа и Африка), 8 (Северна и Јужна Америка) и 9 (Австралија и Азија).

Во Венеција за гласање за предвремените парламентарни избори се пријавени 3.749 лица, во Берн 4.135 и во Виена 1.840. За споредба, на првиот круг од претседателските избори во неделата во Венеција пријавени за гласање беа 1.902 што беше најмногу во дијаспората, а правото на глас го оствариле 298, во Берн – 514, a гласале 191 и во Виена - 195 а гласале 133 македонски државјани.
XS
SM
MD
LG