Достапни линкови

logo-print

Претседателски избори во Турција на 10 август


Aктуелниот претседател на Турција Абдула Ѓул.

Aктуелниот претседател на Турција Абдула Ѓул.

Турската Изборна комисија одлучи претседателските избори во земјата да се одржат на 10 август, а доколку ниту еден од кандидатите не биде избран во првиот круг, на 24 август ќе се одржи втор изборен процес.

Ова се првите непосредни избори на кои граѓаните ќе го изберат претседателот на Турција, бидејќи досега шефот на државата го избираше Парламентот. Мандатот на новиот претедател ќе трае пет години.

Седумгодишниот мандат на актуелниот претседател Абдула Ѓул истекува на 28 август.

На изборите, исто така, ќе можат да гласаат и околу два милиона турски граѓани кои живеат во странство.

Кандидатите за претседател на Турција ќе бидат познати кон крајот на следниот месец.
XS
SM
MD
LG