Достапни линкови

Киев почна операција против проруските групи во источна Украина


Градот Краматорск во источна Украина.

Градот Краматорск во источна Украина.

Украинските безбедносни сили почнаа операција против проруските групи во градот Краматорск во источна Украина. Се известува дека имало престрелки на аеродромот во овој град. Руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на очевидец, објави дека украинската војска ја презела контролата врз аеродромот, но нема потврда на оваа информација. Има наводи дека има и жртви во, како што се наведува, битката за аеродромот. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на очевидец, објави дека на аеродромот слетале два хелихоптери од кои се истовариле украински војници. Руската телевизија Росија24 објави снимки од Краматорск на кои се гледа дека воени авиони и хеликоптери ја надлетуваат областа. В.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов потврди дека Киев ја повратил контролата врз аеродромот во Краматорск.

Новинската агенција Ројтерс објави дека почнала „анти-терористичка операција“ и во градот Славјанск на истокот на земјата.
XS
SM
MD
LG