Достапни линкови

logo-print

Заев - Дали Груевски земал 1,5 милиони евра во кеш од странски бизнисмен?


Претседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев.

Претседателот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, го обвини премиерот Никола Груевски дека, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, земал 1,5 милиони евра во кеш од странски бизнисмен. Заев овие обвинувања ги упати во прашална форма и уште праша дали со тие пари власти ги купува изборите.

„Биди искрен со македонската јавност, излези на прес-конференција и кажи си што ти ја мачи совеста, ако воопшто ја имаш. Кажи го тоа поради кое твои блиски соработници не спијат веќе долго време. Никола Груевски, ќе кажеш ти за 1,5 милиони евра или да кажеме ние?“, рече Заев на денешната прес-конференција.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека прес-конференцијата на Заев е тотална лага и измислица.

„Ваквото однесување на Заев е класичен кукавичлук и е катастрофален обид да го покрие изборниот срам што му се случи во неделата. Ваквите измислици и ваквиот начин на дејствување не се нови за СДСМ. Секогаш користеле навреди, лаги, омаловажувања и манипулации“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG