Достапни линкови

Разводот ги става децата во пинг – понг ситуација


Стручни тимови во советувалиштето за брак и деца во Битола ги советуваат разведените родители да не ги расчистуваат сметките врз грбот на децата.

Разведените родители децата да не ги ставаат во пинг- понг ситуација, односно да не ги користат како инструменти за меѓусебна уцена за наплата на сметки, храна, облека, алиментација. Ова е еден од честите проблеми кои се јавуваат по распадот на бракот, велат до Регионалното советувалиште за брак и деца во Битола. Стручни тимови во советувалиштето веќе неколку месеци ги советуваат разведените родители да не ги расчистуваат сметките врз грбот на децата.
Тие пред сè се родители иако се разведени и можеби во моментот се со други партнери. Но, детето никогаш не треба да добие перцепција дека нема родители зашто се разведени.


„Тие пред сè се родители иако се разведени и можеби во моментот се со други партнери. Но, детето никогаш не треба да добие перцепција дека нема родители зашто се разведени. Стручниот тим работи на покренување на родителскиот капацитет кај разведените брачни парови за да осознаат дека детето не е инструмент преку кој тие ќе задоволуваат одредени суети и материјални права, туку треба да бидат поставени како родители“, изјави Виолета Гаџовска, директор на Центарот за социјални работи во чии рамки функционира советувалиштето. Виолета Гаџовска, директор на Центарот за социјални работи Битола.

Виолета Гаџовска, директор на Центарот за социјални работи Битола.



Досегашните искуства покажале дека децата не ретко се наоѓаат во улога на „дежурни информатори“ односно се испрашувани од едниот родител за случувањата во домот на поранешниот партнер. Понатаму, се тераат да заземат став и да се приклонат кон едниот, а да ги занемарат контактите со другиот родител. Понекогаш преку нив некој од разведените брачни партнери покажува кој е главен и бара пари од другиот. Иако советувањето е бесплатно, од десетината парови со кои работи стручен тим во Битола, само двајца се вклучиле по своја иницијатива.

Нарушени меѓупартнерски односи, посебно проблемот излегува по разводот при контактите со родителот на кој не му се доделени децата. На запад овие услуги се наплаќаат дебело, а кај нас ги добиваат на некој начин бесплатно – додава Гаџовска.

Стручните лица велат дека советувалиштата стануваат се попотребни во услови кога во земјава расте бројот на разведени бракови. Статистиката покажува дека бројот на разведени бракови од деценија во деценија се зголемува од 500 до 800. Така во 1994 година во Македонија имало 612 разводи, 2004 –та 1108, 2012-та 1926, а лани само во првото тромесечие имало 540 бракоразводи.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG