Достапни линкови

Состанок на министрите за одбрана од ЕУ за Украина


Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен.

Министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург се среќаваат на разговори за кризата во Украина. Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен, треба да ги информира министрите за што што прави НАТО за засилување на членките во Источна Европа, каде што по украинската криза се појавија стравувања дека Русија се обидува повторно да воспостави своја сфера на влијание. Пред состанокот, Расмусен рече дека НАТО планира трикратен одговор – засилени одбранбени планови, подобрени вежби и соодветно распоредување за да ги обезбеди членките од Источна Европа. Тој ја повика Русија да ги намали тензиите, велеќи дека „Русија треба да престане да биде дел од проблемот и да почне да биде дел од решението“. Многу членки на НАТО исто така се членки на ЕУ, но други земји од Унијата не членуваат во воената Алијанса.
XS
SM
MD
LG