Достапни линкови

Одбиено барањето на Младиќ за ослободување од некои обвиненија


Поранешниот генерал во армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ.

Поранешниот генерал во армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ.

Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во поранешна Југославија ги отфрли аргументите за повлекување на кое било обвинение против поранешниот генерал во армијата на босанските Срби, Ратко Младиќ. Судиите на денешната седница одлучија дека се уште има добри основи на Младиќ да му се суди по две точки за геноцид. Тој се соочува со 11 обвиненија, вклучувајќи геноцид и злосторства против човештвото за време на војната во Босна од 1992 до 1995 година. Адвокатите на Младиќ сметаат дека нема доволно докази кои го поврзуваат со најсериозните злосторства. Тој ги негира сите обвинувања кои се однесуваат на масакрот на околу 8 илјади мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година.
XS
SM
MD
LG