Достапни линкови

Директор на киргистанска ТВ поднесе оставка откако руски бизнисмен ја купи


Директорот на телевизијата ОшТВ во градот Ош во јужен Киргистан соопшти дека си поднесува оставка откако руски бизнисмен ја купи компанијата што ја поседува телевизијата. Ош е втор град по големина во земјата. Директорот Ернис Кијазов вели дека тој и неговиот тим одлучиле да поднесат оставки откако московскиот бизнисмен Максим Кротов денеска соопшти дека минатиот месец ја купил телевизијата. Телевизијата до 2010 година беше во сопственост на Халилјан Худаибердиев, етнички Узбек од Ош. Тој избега од земјата кога киргистанските власти отворија истрага против него, под сомнение дека неговата телевизија ги поттикнувала меѓуетничките немири меѓу Киргизите и Узбеците во јуни 2010 година во кои имаше и жртви. Телевизијата потоа ја презедоа група локални бизнисмени поврзани со контроверзниот поранешен градоначалник на Ош, Мелис Мирзакматов.
XS
SM
MD
LG