Достапни линкови

Место во затвор, Берлускони ќе помага во старечки дом


Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Италијанскиот суд одлучи дека поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони може да ја отслужува казната за затајување данок помагајќи им на луѓето во еден старечки дом. Судот во Милано пресуди дека Берлускони мора да го посетува домот една година по еднаш неделно по најмалку четири часа. Според судот, Берлускони мора да го поминува најголемиот дел од времето во регионот на Ломбардија каде што живее, но судиите му дадоа дозвола да патува во Рим од вторник до четврток секоја недела за да може да ги извршува политичките активности. Неговата централно-десничарска партија Форца Италија води кампања во пресрет на изборите на Европскиот парламент што се одржуваат на 25 мај. Во август минатата година пресудата против 77-годишниот Берлускони за затајување данок беше потврдена од највисокиот суд во земјата. Трикратниот премиер Берлускони беше осуден на четири години затвор, но казната му беше намалена на една година како дел од чекорите за намалување на пренатрупаноста во затворите.
XS
SM
MD
LG