Достапни линкови

Агенцијата за медиуми со прекршочна постапка против Канал 5


Прекршочна постапка со можност за порамнување ќе ѝ изрече Агенцијата за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги на телевизијата Канал 5 за објавување на делот од анкета што се однесувал на претседателските кандидати објавена на 10 април.

Членовите на Агенцијата за медиуми на денешната седница донесоа одлука за покренување прекршочна постапка бидејќи телевизијата Канал 5 го прекршила членот 77 став 1 од Изборниот законик и само во едни вести објавила анкета во која се содржел и дел за претседателските кандидати. Анкетата е објавена на 10 април, а според роковникот на Државната изборна комисија рокот за објавување на анкети за јавното мислење за претседателските избори беше до 7 април.
XS
SM
MD
LG