Достапни линкови

logo-print

Петиција за отстранување на руските тенкови од споменик во Берлин


Рускиот меморијал Тиергартен за паднатите борци на Црвената армија во Втората светска војна во Берлин.

Рускиот меморијал Тиергартен за паднатите борци на Црвената армија во Втората светска војна во Берлин.

Германски таблоид Билд покрена петиција за отстранување на руските тенкови од Меморијалот од Втората светска војна Тиергартен во центарот на Берлин во знак на протест против руските постапки во Украина. Весникот денеска ги повика читателите да го потпишат и испратат писмото до Долниот дом на германскиот парламент. „Во време кога руските тенкови ѝ се закануваат на слободна, демократска Европа, ние не сакаме руски тенкови на Брандербуршката Капија“, се наведува во петицијата. Споменикот, еден од трите советски воени меморијали во Берлин, се наоаѓа во близина на Бундестагот. Меморијалот е составен од огромен споменик на руски војник, пред кој стојат две хаубици МЛ-20 од 152 милиметри на Црвената армија и два тенка Т-34. Меморијалот им е посветен на 80-те илјади војници на Црвената армија загинати во битката за Берлин во пролетта 1945 година.
XS
SM
MD
LG