Достапни линкови

САД загрижени од учеството на Kосовци во војната во Сирија


Американската амбасадорка во Приштина, Трејси Ен Џекобскон, ги повика институциите на Косово да реагираат на проблемот со заминување на Косовци во војната во Сирија.

"Мислам дека сите треба да бидат загрижени. Војната во Сирија е ужасна и трае веќе долго време. Но, тука на Косово сме загрижени од заминувањето на млади Косовци во таа војна, кои им се приклучуваат на радикалните групи, развивајки таков вид идеологија", изјави за Радио Слободна Европа, американската амбасадорка во Приштина, Трејси Ен Џекобсон.

"И што се случува потоа, Видовме напад врз тројца полицајци во Турција, имаше самоубиствен напад во Ирак, кои ги извршиле косовци кои биле во Сирија. Тоа е загрижувачки и сте треба да реагираме, ова не е проблем само на Косово, туку на целиот свет. Има различни начини за реакција на овој проблем. Предложениот закон за забрана за учество во војни во странство е првиот чекор. Треба и да разменуваме информации за тоа кои се тие луѓе, каде се наоѓаат и кои им се целите", вели Џекобсон. Потребни се и пошироки расправи во општеството, бидејки луѓето им се приклучуваат на вакви радикални идеологии, понекогаш и поради тоа што немаат други можности, економски на пример.
Од моите разговори со повеќето косовци, вели амбасадорката Џекобсон, забележувам дека тие се горди на фактот што имаат толерантен облик на исламска вера, која ја почитува различноста, каде што луѓето живеат заедно, а истовремено, многумина од нив се загрижени од зголемувањето на исламистичкиот екстремизам. Тоа е она што го слушам од народот на Косово, тоа и ние го подржуваме.

Во врска со дејствувањето на Исламската верска заедница на Косово, американската амбасадорка вели дека не е нејзина работа да суди за која било институција, но оти слушнала некои од говорите на одредени имами кои се загрижувачки. "За такво нешто нема место во демократијата во 21-от век. Но, не е важно што мисли американската амбасадорка, туку какво општество сакаат косовците, и тие треба да го дигнат гласот. Се надевам дека мнозинството подржува секуларна држава, верска различност и обострано почитување", вели американската амбасадорка во Приштина Трејси Ен Џекобсон.
XS
SM
MD
LG