Достапни линкови

logo-print

Германска компанија почна да ѝ испорачува гас на Украина


Германската компанија РВЕ соопшти дека денеска почнала да ѝ испорачува гас на Украина преку Полска. Киев се соочува со нагло зголемување на цените на природниот гас од Русија по засилувањето на тензиите меѓу двете земји. Москва предупредува дека снабдувањето со гас за Украина може да биде запрено ако Киев не си ги плати сметките. РВЕ соопшти дека на Украина може да ѝ обезбедува до 10 милијарди кубни метри гас годишно според договорот од 2012 година. Испораката ќе се базира на „Европското ниво на цени во големопродажба“, вклучувајќи ги и транспортните трошоци. РВЕ соопшти дека е прва компанија од Западна Европа што оваа година ѝ испорачува гас на укранската државна енергетска компанија Нафтогаз.
XS
SM
MD
LG