Достапни линкови

logo-print

Руската економија годинава ќе стагнира


Архивска фотографија: Рускиот министер за финансии Антон Силуанов и претседателот Владимир Путин.

Архивска фотографија: Рускиот министер за финансии Антон Силуанов и претседателот Владимир Путин.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов предвидува стагнирање на економијата во земјата годинава. На денешната владина седница тој рече дека руската економија се соочува „со најтешки услови по кризата од 2008 година“. Тој посочи дека се прогнозира раст на БДП од 0,5 проценти, но „веројатно ќе биде околу нула“. Силуанов изјави дека одливот на капитал во првите три месеци од годинава е околу 50 милијарди долари. Според него, тоа главно се должи на геополитичката нестабилност, алудирајќи на руската вмешаност во украинската криза. Силуанов исто така рече дека инвестирањето во украинскиот регион Крим, кој Русија го анектираше минатиот месец, треба да се прави одговорно. Русија вети зголемување на платите и пензиите за жителите на Крим, како и големи инвестиции во инфраструктурата и во туристичкиот сектор во регионот.
XS
SM
MD
LG