Достапни линкови

Запленети 300 килограми марихуана, приведени двајца полицајци


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

МВР пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Албанија, при што приведе тројца македонски државјани, од кои двајца полицајци и заплени околу 300 килограми мариухана. Како што информира на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, марихуаната со висок квалитет, според досегашните сомненија потекнува од Албанија и со кајче била илегално внесена во Македонија. Запленетата дрога би достигнала цена помеѓу еден и два милиони долари на нарко пазарот во западна Европа, за каде што и била наменета.
XS
SM
MD
LG