Достапни линкови

Опозицијата очекува подобар резултат во вториот круг. Дел од партиите на власт велат дека следи кампања со силно темпо, за ДУИ доминантна е парламентарната кампања

Пред Македонија се уште десетина изборни дена во кои за партиите ќе биде важно двојно да ги мотивираат гласачите - да излезат и да гласаат за кандидатските листи и за двајцата претседателски кандидати.
Кампањата на СДСМ продолжува, конципирано онака како што и започна, значи со средби со граѓаните, со непосредни контакти, се со цел да можеме да ја промовираме програмата.


Опозицијата најавува продолжување на кампањата за претседателските избори паралелно со парламентарните, очекувајќи подобар резултат во вториот круг. Од партијата најавуваат дека ќе бидат насекаде низ Македонија заедно со граѓаните.

„Тоа се заеднички паралелни кампањи. Кампањата на СДСМ продолжува, конципирано онака како што и започна, значи со средби со граѓаните, со непосредни контакти, се со цел да можеме да ја промовираме програмата“, изјави Оливер Спасовски од СДСМ.
Очекувам кампањата да биде мирна, со тоа што можно е политичките партии, посебно од опозицијата, да настапуваат многу поагресивно во споредба со претседателската кампања, бидејќи заостануваат прилично зад нас со 10 илјади гласови.

Вториот круг според најавите треба да биде поинаков, но засега нема детали дали претседателскиот кандидат и партиското раководство ќе настапуваат одделно како досега или заедно. Од СДСМ порачаа дека борбата не е завршена и дека претстои втор круг, а Пендаровски најави дека до последниот ден ќе се бори за идеите, концептот и вредностите во кои верува.

Власта влегува во вториот дел од изборната трка со предност од 120 илјади гласачи и затоа и Павле Трајанов од Демократскиот сојуз очекува кампања со многу посилно темпо. Според него кампањата ќе биде двојна.
Митинг на ДУИ во Сарај.

Митинг на ДУИ во Сарај.


„Очекувам и кандидатот да биде доста активен, присутен на овие заеднички митинзи, но да биде вклучен и во дебатни емисии, така да следува жестока кампања, со силно темпо.“

Дополнителен момент е што во првиот круг во кампањата учествуваа четири партии, а сега нивниот број е многу поголем бидејќи листата за кандидати за пратеници е многу поголема и има доста партии кои првпат настапуваат, додава Трајанов.

„Очекувам кампањата да биде мирна, со тоа што можно е политичките партии, посебно од опозицијата, да настапуваат многу поагресивно во споредба со претседателската кампања, бидејќи заостануваат прилично зад нас со 10 илјади гласови.“

За ДУИ доминантна е парламентарната кампања. За оваа партија е важно да ги мотивира гласачите да гласаат за кандидатските листи, вели Ермира Мехмети од ДУИ.

„Ќе ја афирмираме нашата изборна програма преку митинзи, средби со граѓани, посети по семејства, што се однесува до вториот круг од претседателските избори, претседателот Ахмети веќе јасно кажа дека нема да гласаме за ниту еден од кандидатите.“

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека во кампањата ќе се борат за секој глас и секому да ги доближат нивните проекти вредности и планови за наредните четири години.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG