Достапни линкови

Во Авганистан киднапиран заменик министер


Авганистанската полиција соопшти дека заменик министерот за јавни работи Ахмад Шах Вахид денеска во Кабул бил киднапиран од непознати вооружени луѓе. Во нападот, како што се прецизира, бил ранет неговиот возач, по што заменик министерот бил префрлен во друго возило. Се уште не е познато кој е одговорен за киднапирањето. Претставник на талибанците отфрли секаква врска со денешниот инцидент.
XS
SM
MD
LG