Достапни линкови

logo-print

Екс амбасадор на САД во Приштина во компанија за која лобирал


Кристофер Дел

Кристофер Дел

Поранешниот американски амбасадор во Приштина Кристофер Дел се вработил во компанијата Бехтел Корпорејшн, која како што објави приштински Експрес, помагала да се склучи договор вреден 820 милиони евра за градење на автопатот што го поврзува Косово со Албанија. Дел ќе биде менаџер на таа фирма за Африка, а ангажманот го добил само неколку месеци откако ја завршил тридецениската кариера во Стејт департментот. Весникот потсетува дека детали од договорот никогаш не се објавени и оти високиот европски дипломат Питер Феит во 2010 година кога бил потпишан договорот, барал истрага и остро критикувал што американскиот дипломат лобирал за таа компанија.
XS
SM
MD
LG