Достапни линкови

Обама и Путин телефонски зборувале за Украина


Американскиот претседател Барак Обама во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изрази „сериозна загриженост“ за тоа што Русија ги поддржува про-сепаратистите во Украина, соопшти Белата куќа. Обама изјавил дека Русија ќе се соочи со понатамошни санкции ако продолжи со своите акции во Украина. Обама го повика Путин да го искористи своето влијание и да ги убеди групите кои протестираат да ги напуштат зградите во источна Украина што претходно ги зазедоа.

Претходно Кремљ соопшти дека Путин побарал од американскиот претседател да ја обесхрабри украинската влада од употреба на сила против демонстрантите во источниот дел на земјата. Во изјавата се вели дека за време на вчерашниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери, Путин ги отфрлил тврдењата дека руски агенти учествуваат во протестите. Таквите тврдења Путин ги оценил како шпекулации базирани врз несигурни информации.

Рускиот претседател оценил дека протестите се искажување на јавен гнев за неподготвеност на украинската влада да го признае интересите на руските граѓани кои живеат во Источна Украина.

Повеќе од десетина владини канцеларии и полициските станици се заземени од страна на банди. Украинската влада и Западот ја обвинија Русија дека стои зад протестите. Украинските власти ветија дека ќе ги отстранат демонстрантите.
XS
SM
MD
LG