Достапни линкови

Сириската армија поврати град од бунтовниците


Сириската армија поддржана од борци на Хизболах повратила град во близина на границата со Либан. Градот во декември го зазедоа исламистички борци, меѓу нив и борци од Нусра фронт кои се поврзани со Ал Каеда. Тие држеа во заложништво и неколку монахињи, кое беа ослободени минатиот месец по договорот за размена на заложници.

Аналитичарите велат дека сириската армија по овој пробив ќе се обиде да ги прекине патиштата преку кои бунтовниците се снабдуваат со потребните работи.
XS
SM
MD
LG