Достапни линкови

logo-print

Ирак ги повика граѓаните да го напуштат Фалуџа


Ирачки воени авиони делеле летоци во градот Фалуџа, со кои се повикуваат тамошните цивили кои се уште останале во градот, да го напуштат во рок од три дена, затоа што ќе следат интензивни воздушни напади.

Ирачките безбедносни сили со месеци се во судир со исламски милитанти во Фалуџа. Милитантите контролираат делови од градот, како и целата територија на блискиот град Рамади. И двата града се наоѓаат во провинцијата Анбар.

Во меѓувреме, ирачките власти соопштија дека милитантите повторно ја затвориле браната во Фалуџа, од каде луѓето се снабдуваат со вода. Амбасадата на САД во Багдад издаде соопштение во кое ги осудува актите на милитантите.

„Во изминатава недела, илјадници невини Ирачани страдале од недостаток на вода како резултат на активностите на милитантите, се наведува во соопштението од Амбасадата.
XS
SM
MD
LG