Достапни линкови

Сноуден им донесе Пулицер на Вашингтон пост и Гардијан


Американскиот весник Вашингтон пост и британскиот весник Гардијан ја добија Пулицеровата награда за јавна служба за нивните написи за Едвард Сноуден и трајниот надзор од американската Национална агенција за безбедност(НСА). Двата весника детално ги обработуваа документите што им ги овозможил Сноуден, а кои покажуваат како НСА ги следи информациите на интернет и на мобилните телефони, некогаш и телефоните на светските лидери. Известувањето на двата весника предизвика скандали ширум светот и ги натера американските власти да ја преиспитаат легислативата што овозможува програмата за надзор на продолжи. Сноуден во јуни побегна во Русија каде што побара азил.
XS
SM
MD
LG