Достапни линкови

Авганистан - Абдула се заложи за „меритократија“, ако биде избран


Фаворитот за претседател на Авганистан, Абдула Абдула.

Фаворитот за претседател на Авганистан, Абдула Абдула.

Фаворитот за претседател на Авганистан, Абдула Абдула, во интервју за авганистанскиот сервис на РСЕ, изјави дека доколку биде избран од владата нема да исклучи никого, вклучувајќи ги и неговите ривали. Абдула кој е поранешен министер за надворешни работи, рече дека неговата нова влада ќе биде базирана на заслуги и би можело да ги вклучи конкурентските кандидати и својот стар противник, претседателот Хамид Карзаи.

Тој изјави дека нема да прави исклучоци за оние кои ја делат истата визија со него. Претседателските избори се одржаа на 5 април, а Абдула е меѓу фаворитите.

Прелиминарните резултати не се очекуваат до 24 април, но делумните резултати објавени на 13 април покажуваат дека Абдула е во водството.
XS
SM
MD
LG